logo
logo
logo

ИМАТЕ ПРВУТ?! Со помош на овие природни рецепти ќе се спасите засекогаш

Vecer | 15.04.2021

ИМАТЕ ПРВУТ?! Со помош на овие природни рецепти ќе се спасите засекогаш

Освен специјалните шампони, во третманот против здодевниот првут од помош може да бидат и препаратите кои ќе ги направите сами

Најчести причини за појава на првутот се алергиите, стресот, употребата на погрешни производи за нега на косата, климатските услови и температурните промени, но и прекумернате потрошувачка на солена, кисела или премногу зачинета храна. Првутот е често придружен со несакани ефекти како што се чешање, а во потешки случаи, црвенило и печење.

Иако оваа состојба не го загрозува здравјето, неправилното лекување или занемарување може да доведе до посериозна состојба, како што е себореичен дерматитис.

Постојат многу производи што може да се добијат без рецепт, а чија цел е лекување на првут. Ако сте поддржувач на природни препарати, можете да им дадете предност во лекувањето на овој проблем.

Алое вера

Ајурведскиот лек верува дека гелот од алое вера е најефективниот природен препарат против првут.

Одделете го листот од алое од растението, извадете го зелениот дел и истријте го гелот на кожата, а потоа почекајте кожата да ја апсорбира. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон.

Маслиново масло и ѓумбир

Мешавина од маслиново масло и свеж корен од ѓумбир исто така дава добри резултати во третманот на првут.

Изрендајте корен ѓумбир со големина на палец во половина чаша маслиново масло, а потоа истријте ја смесата на кожата и измасирајте ја добро пред да ја измиете косата. Коренот на ѓумбир има антиинфламаторно дејство и го смирува црвенилото, а маслото има корисен ефект врз скалпот.

Маска од бадеми и маслиново масло

Првутот може да се олесни и со употреба на маска направена од топло маслиново масло и бадемово масло во еднакви пропорции.

Загрејте ги двата вида масло додека не бидат млаки, а потоа истријте ги во косата и кожата, завиткајте во алуминиумска фолија и крпа и оставете ја маската да отстои најмалку половина час. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон.

Домашен шампон од целер

Фитотерапевтите препорачуваат и употреба на домашен шампон направен од корен на целер.

Во половина литар врела вода, истурете поголем корен од целер исечен на коцки и варете го додека не омекне. Потоа процедете, и измијте ја косата со добиената течност. Користете го овој шампон наместо вообичаениот шампон за коса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk