logo
logo
logo

Имам 52 години и имам секс со две жени: Двете од мене бараат иста работа, а јас сум очаен!

Vecer | 25.06.2021

Имам 52 години и имам секс со две жени: Двете од мене бараат иста работа, а јас сум очаен!

Иако неговата приказна делува како остварување на сечиј машки сон, сепак овој Англичанец признава дека животот со две лубовници го исцрпува.

-Имам 52 годни и решив да ја напуштам сопругата по 19 години брак и тоа поради фактот дека запознав помлада девојка која ја запознав додека бев во брак, вака тој ја започнува својата приказна.

Тој и вели дека планот било неговата љубовница да се разведе и да се пресели кај него заедно со нејзините три деца. Меѓутоа, таа се предомислила и поради нејзините деца одлучила да остане во нејзиниот “мизерен” брак како што вели тој.

-Бев шокиран но и двајцата се согласивме да останеме заедно. Тоа беше пред 5 години а денес ние повремено се гледаме во мојот стан. Но нашата врска е километри далеку од вистинска врска. Таа има 38 години а мене ми се крши срцето секој пат кога ќе си замине дома, кај нејзиниот сопруг. Но пред 3 години, запознав друга жена. Таа има 55 години и работите веднаш кликнаа меѓу нас. Честопати излегуваме заедно и одиме заедно на одмор. Кога водам љубов со постарата девојка тоа е секогаш полека без брзање, а после овој чин ние си лежиме во кревет и уживаме. Со помладата девојка се е набрзина – бидејќи таа брза да оди дома за да ја ослободи дадилката, вели тој.

Па така, сега тој се наоѓа во голем проблем. Двојниот живот го исцрпува особено кога тој сака да им се посвети целосно на двете, но сега е во огромна дилема.

-Дали да ја одберам постарата девојка која е прекрасна и полна со разбирање или помладата која е полна со страст и возбуда. Работите станаа комплицирани кога мојата постара девојка ми кажа дека сака да живееме заедно. Но, јас сум во дилема. И само поради тоа што знам дека помладата девојка ќе ме одбереше мене доколку немаше деца, заклучува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk