logo
logo
logo

ИМАМ 4 ЦИ*КИ И ЛУЃЕТО МИСЛАТ ДЕКА ТОА Е СУПЕР: Еве КАДЕ се наоѓаат

Vecer | 28.05.2021

ИМАМ 4 ЦИ*КИ И ЛУЃЕТО МИСЛАТ ДЕКА ТОА Е СУПЕР: Еве КАДЕ се наоѓаат

Жената има четири “дојки“ а ова е причината за нејзината состојба.

Необичен медицински случај се случил во Лос Анџелес, а пациентката чија приказна го зачуди светот се вика Саманта. Таа за тамошните медиуми открила дека после породување под пазувите и се појавиле две “дојки“, поточно зголемени израстоци.

Необично, но тука не е крајот. Саманта тврди дека за време на доење, од “лажните дојки“ и течело млеко.

“Имам два пара гради и иако повеќето мислат дека тоа е забавно, но не е“, раскажала Американката која се појавила во популарно реалити шоу во кое учесниците со необични “аномалии“ се подвргнувале на естетски потфати.

На Саманта толку многу и било срам поради тие израстоци, што на денот на своето венчавање била целосно прекриена, но и трпела болки од алиштата кои се триеле од израстоците.

Сопругот на Саманта, Френк раскажал дека и него му е тешко од состојбата на Саманта, и се надева дека ќе ги надмине овие проблеми и еден ден ќе има можност да носи фустани без ракави.

Хирургот Тери Дубров открил за што станува збор. На Саманта и се насобрало поткожно ткиво под пазувите, а проблемот може да се реши со едноставна липосукција.

Поточно неговата дијагноза потврдила дека не се работи за сериозен проблем, како што се млечните жлезди во пазувите или проблеми со штитната жлезда, кои би можеле да предизвикаат компликации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk