logo
logo
logo

Имала над 100 операции за да личи на куклата Кен, па се предомислила: Сега е жена и сака да стане мајка!

Vecer | 22.09.2021

Имала над 100 операции за да личи на куклата Кен, па се предомислила: Сега е жена и сака да стане мајка!

Џесика Алвес има само 38 години и безброј операции зад неа.

Имено, таа најпрвин сакаше да биде првиот човек кој ќе личи на куклата Кен, а поради оваа желба имала безброј операции со цел да го промени лицето.

Но се премисли и го промени полот. Сега е Џесика и тоа благодарение на комплицирана операција. Таа ставила силикони на задникот и градите, ја надгради својата коса и станала жена.

Сега Џесика има уште попеколен план - сака да има дете. За да го постигне тоа, таа деновиве патува за Бразил на трансплантација на матка.

Иако лекарите велат дека тоа е невозможно, и дека дополнителни операции би можеле да ја убијат, Џесика не се откажува - таа сака да биде првата трансродна жена која родила дете.

„Операцијата е изводлива, на ист начин како и кај биолошките жени. За трансродова жена, тоа е исто. За да забременам, морам да направам вештачко оплодување по операцијата. Да бидам искрена, не ја знам стапката на успех на таа постапка, но знам дека некои луѓе го направија тоа, но тоа го направија многу тивко“, рече Џесика за „Мејл Онлајн“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk