logo
logo
logo

ИМААТ ПОВЕЌЕ ВИТАМИН Ц ОД ЦИТРУСИ: Овие 2 намирници се вистинска ризница за здравјето

Vecer | 01.12.2021

ИМААТ ПОВЕЌЕ ВИТАМИН Ц ОД ЦИТРУСИ: Овие 2 намирници се вистинска ризница за здравјето

Ќе признаете дека кога некој ќе каже витамин Ц, веднаш помислувате на цитрусни овошја како портокали, лимони, грејпфрут...

Сепак, овој важен витамин се крие и во некои други намирници во многу поголеми количини отколку што би очекувале, а два се во првите редови:

Дуња

Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимоните и портокалите.

Содржи и витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур.

Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Ова овошје е исклучително здраво и е вистински благодет за организмот, затоа треба да го искористиме времето додека е достапно да го консумираме во доволни количини.

Пиперка

Колку е позрела пиперката, толку е повисоко нивото на витамини и минерали. Пиперките содржат четири пати повеќе витамин Ц од портокалите и повеќе од 30 хранливи материи од групата на каротеноиди.

Одличен извор е на витамини А, Ц и Б6, на фолна киселина, диетални влакна, витамин Б2, пантотенска киселина, ниацин и калиум, витамин К, манган, витамин Б и магнезиум.

Најздраво е ако ги јадеме свежи, иако корисни се и во зимница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk