logo
logo
logo

Има НАЈГОЛЕМ ЗАДНИК во Бразил вреден 325.000 евра, ЌЕ ОДИ НА СВЕТСКИ РЕКОРД (ФОТО)

Vecer | 21.06.2021

Има НАЈГОЛЕМ ЗАДНИК во Бразил вреден 325.000 евра, ЌЕ ОДИ НА СВЕТСКИ РЕКОРД (ФОТО)

Фитнес моделот Ванеса Атаидес (35) е позната по својата обемна задница, а оваа година доби признание за најголем задник во Бразил. Ванеса вложи многу труд во своето тело, па реши да го осигура задникот за 325.000 евра.

- Позната сум по задникот, дури е најголем во Бразил, па претпоставувам дека е фер да се осигурам - вели Ванеса.

Ангажирала цел тим обучувачи кои се посветени на нејзиното тело, а секое утро се будат во 4 часот за да вежбаат. Нејзина главна цел е да го собори светскиот рекорд и да го има најголемиот задник на светот.

- Обемот на задникот ми е моментално 130 см, но тренирам напорно затоа што сакам да биде уште поголем - откри Ванеса.

Таа тврди дека никогаш не ги фотошопирала своите слики и дека нејзиниот задник изгледа уште поголем во живо.

- Нема да најдете фотошопирани фотографии. Јас не сум совршена и не ги кријам своите несовршености, бидејќи мислењето на другите луѓе не влијае на мене. Имам стрии и целулит, но се обидувам да се што е можно позабележителни - напиша Ванеса под нејзината слика.

Нејзиниот начин на живот воопшто не е лесен. Таа јаде шест оброци со протеини на ден за да изгледа совршено, а нејзините тренинзи, открива, се исцрпувачки и траат по часови.

- Мојата диета е направена строго за задникот – вели таа.

За да се сруши светскиот рекорд во оваа категорија, Ванеса ќе мора да работи напорно. Имено, најголемиот задник во светот е на Микел Руфинели, чиј задник е со обем од 2,4 метри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk