logo
logo
logo

Има 50 години и СОВРШЕНО ТЕЛО! Дали ова издание е ПРЕТЕРАНО за една кралица?!

Vecer | 23.09.2022

Има 50 години и СОВРШЕНО ТЕЛО! Дали ова издание е ПРЕТЕРАНО за една кралица?!

Кралицата Летиција  на 15 септември наполни 50 години. Иако роденденот го помина работно, во петокот отиде со сопругот Филип на концерт на кој се прославуваа 50 години истражување на Шпанската асоцијација за рак, чиј почесен претседател е таа.

Гостите на концертот не го заборавија роденденот на Летиција, па и ја испеаја песната „Happy Birthday“, а кралицата не криеше колку тоа ја трогна и развесели. Инаку, за оваа прилика убавата Шпанка избра прилично нетипична комбинација во која ретко се гледа.

 

Kraljica Leticija

Летиција уште еднаш докажа дека не ѝ е непознато експериментирањето со модата, иако најмногу е верна на класиката, овој пат отиде чекор понатаму.

Kraljica Leticija

Кралицата за оваа прилика се одлучила за тесен фустан до колена кој ја оцртува нејзината извајана фигура, а ова впечатливо парче го носи дизајнерскиот потпис на Нина Ричи. Инаку, целиот фустан е покриен со светки со специфична темно-виолетова боја, па дефинитивно паѓа во очи.

Kraljica Leticija

Иако парчињата како овој фустан генерално се резервирани за ноќно излегување или црвениот тепих, и во оваа ситуација вродената елеганција на Летиција направи да изгледа многу софистицирано. Изданието го комплетираше со сини салонки и плик-чанта во иста нијанса, како и дискретни обетки и свечена фризура.

Kraljica Leticija

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната Летиција?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk