logo
logo
logo

Има 40, изгледа ФЕНОМЕНАЛНО, а новиот дечко не ја испушта од вид!

Vecer | 26.05.2021

Има 40, изгледа ФЕНОМЕНАЛНО, а новиот дечко не ја испушта од вид!

40 годишната бразилска манекенка Алесандра Амбросио ги воодушевува сите што ќе ѝ ја сретнат секогаш кога ќе излезе од куќата, а дека животот ѝе модна писта, докажа и овој пат на плажа со своето ново момче Ричард Ли во Санта Моника.

Манекенката и нејзиниот нов дечко ги игнорираа љубопитните погледи додека се пипкаа и бакнуваа на плажата, туку целосно се препуштија да уживаат во сонцето и еден во друг. Алесандра особено привлече внимание во розов едноделен костим за капење со интересно деколте, што многумина се согласија да  открива повеќе отколку што крие.

Инаку, Амбросио имаше син и ќерка со нејзиниот поранешен свршеник, претприемачот Џејми Мазур (40), со кого раскина во март 2018 година. Три месеци подоцна, таа започна врска со италијанскиот бизнисмен Никола Оди, а странските медиуми пишуваа дека во март оваа година парот раскина.

Таа започна врска со Ричард Ли пред неколку недели, а папараците верно го следат секој нивен чекор.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk