logo
logo
logo

Видео

Има 16 години, а изгледа како да има три пати повеќе! Тинејџерка се разболела од редок синдром

Vecer | 24.06.2021

Има 16 години, а изгледа како да има три пати повеќе! Тинејџерка се разболела од редок синдром

Раизел Грејс Калаго (16) е убава тинејџерка од Филипините. Но минатата година почнала преку ноќ да добива брчки, а за само една година „остарела“ неколку децении. Таа и понатаму е средношколка, иако сите мислат дека има педесетина години.

„Прмените почнаа прво да се гледаат во вид на осип по вратот и лицето. Ме болеа на допир. Потоа, кога осипот ќе се повлечеше остануваа брчките. Никој не знаеше што ми се случува за на крајот лекарите да сфатат дека станува збор за исклучително ретко пореметување Хачинсон-Гилфорд синдром“, рекла Калаго.

„И понатаму сум млада, а изгледам како старица и со тоа морам да е помирам. Луѓето често мислат дека сум постара од мајка ми“, вели оваа тинејџерка и додава дека носењето маска за време на пандемијата и го олеснило животот.

„Не можам да се помирам со својата состојба, срам ми е да излегувам и затоа постојано носам маска, и нема да ја тргнам. Се плашам дека никогаш нема да изгледам како порано“, очајна е оваа тинејџерка.

Инаку, во светот има околу 200 вакви дијагостицирани случаи.

„За оваа болест нема лек, се уште се истражува“, рекол д-р Џејмс Јанг, кој и ја дијагнистицирал болеста.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=wGZ2JOBbzIQ&feature=emb_imp_woyt[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk