logo
logo
logo

Има 11 години и сака да биде НАЈГОЛЕМ СТОЧАР НА БАЛКАНОТ, сам си ги купил првите овци (ВИДЕО)

Vecer | 31.05.2021

Има 11 години и сака да биде НАЈГОЛЕМ СТОЧАР НА БАЛКАНОТ, сам си ги купил првите овци (ВИДЕО)

Единаесетгодишниот и амбициозен млад овчар Амер Ибрахимовиќ од селото Побуше близу Братунац веќе поседува стадо со повеќе од 100 овци и сонува да стане најголемиот сточар во Босна и Херцеговина и пошироко.

Тој со ова започнал да се занимава на деветгодишна возраст. Како што вели од каса зел 300 марки, што било доволно за 8 јагниња. Од овие јагниња тој започнал да го развива своето стадо и сега има цел:

- Јас ги имам свои соништа. Сакам да бидам одгледувач на овци и да имам околу 300 овци - вели малиот Амер.

Бидејќи приказната за момчето стигнала до локалните весници и ТВ канали, неколку добротворни организации му донирале повеќе јагниња на Амер и неговото семејство, како и возрасни овци и големи количини на сточна храна, за да му помогнат на момчето да ги исполни своите соништа.

Момчето самоуверено вели дека да се биде овчар не е проблем:

- Што се однесува до мене, оваа работа не е тешка. Иако има многу работа, затоа што морам да им носам храна и сè друго, но сепак е во ред.

https://youtu.be/h02wb1ohbag

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk