Лекси од Портланд, Ореган, долго време се двоумела да им признае на родителите што навистина работи.

Таа одлучила да ја открие вистината за својата професија на необичен начин, со помош на презентација.

Имено, таа објавила видео на TikTok каде што можете да видите како им кажала на своите родители да седнат, ги натерала да замижат додека ја наместила презентацијата наречена „Имам тајна“, а потоа започнала.

„Пред да започнете да се грижите, треба да знаете дека оваа тајна што ви ја кажувам се однесува само на мене и на мојот живот. Тоа не влијае на никој друг. Мислам дека не сум должна да ви ја кажам, но оние на кои им верувам треба ја знаат вистината за мојот живот и учествуваат во него. Оваа тајна значи дека сум талентирана и моќна. Оваа тајна не значи дека сум бремена или сум во опасност “, започна таа.

@mildwestsami@lex1898 is WILD😩 Jokes aside our parents are the literal best, my mom said “I’m surprised how proud I am” 🥺😭😭 #hotgirlshit #getthatbagsis

♬ original sound – Mild West Sami

„Дали сте подготвени? Јас сум стриптизета и уживам во тоа. Сигурно се прашувате зошто. Па, јас работам во безбедна средина каде што можам да се изразам на начин што ми одговара. Како знам дека сум безбедна? Нема опијати, нема опасности и сопствениците се грижат за своите вработени. Дали е тоа одговорот на вашите прашања за тоа како одеднаш можам да купам скапи работи? Апсолутно да. Заработувам многу пари. Дали правам нешто друго освен танцување? Не , Само танцувам. Дали работи илегално? Не, плаќам данок “, објаснува таа во видеото.

Нејзината, како што ја опиша мајка и „конзервативна христијанка“, веднаш ги споделила своите впечатоци: “Ти благодарам што си искрена. Мило ми е што уживаш во о тоа што го работиш”, рекла мајката.