logo
logo
logo

И луѓето во врска ИМ ЉУБОМОРАТ НА САМЦИТЕ, има и зошто

Vecer | 24.02.2021

И луѓето во врска ИМ ЉУБОМОРАТ НА САМЦИТЕ, има и зошто

Некои луѓе никако не можат да се поврзат со одредена личност, но и подобар им е животот како самци, затоа  впечатокот е дека тие повеќе им љубоморат на паровите, сепак постојат работи поради кои луѓето во врска им љубоморат на самците.

  1. Им недостасуваат оние денови на рана заљубеност.

Кога едноставно некого почнуваме да сакаме и кога сме толку возбудени секогаш кога ќе ги видиме што буквално чувствуваме пеперутки во стомакот и насмевка која никогаш не го напушта лицето.

Тогаш постои возбуда поради првиот состанок, првиот бакнеж, откривање на сè што е убаво во личноста којашто ни се допаѓа ...

  1. Им недостасува да флертуваат.

Флерт без никаков срам и жалење. Секако дека тие не сакаат да ги изневеруваат своите партнери, но многу добро се сеќаваат колку е да глдаат некого на крај од локалот, да се допишуваат, да играат „игри“ без ништо да ве спречува.

  1. Им недостасува креветот само за нив.

Сите ние понекогаш сакаме да спиеме сами, без некој да 'рчи покрај нас, да дише гласно, да ни го краде ќебето и да имаме повеќе простор.

  1. Им недостасува додворување.

Да, нивните партнери ги сакаат, но тие се толку навикнати што малку ги земаат здраво за готово и веќе не се мачат да им го привлекуваат вниманието.

Луѓето во врски речиси и да не паметат како е кога некој се грижи да ве опсипа со внимание и комплименти и да се обиде да ве освои.

  1. Доста им е од љубомора.

Некои се љубоморни на колегите од работа со кои нивниот партнер поминува премногу време, други на сингл излегувања со пријатели, други на секоја личност ...  Во врските, љубомората е неизбежна работа, и нема полошо чувство од кога некој ќе ви даде сознание дека нема доверба во вас.

Кога сме слободни, можеме да сториме што сакаме без да размислиме дали ќе повредиме нечии чувства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk