logo
logo
logo

Идната холандската кралица смее да се омажи за жена

Vecer | 13.10.2021

Идната холандската кралица смее да се омажи за жена

Холандската принцеза Катарина-Амалија и идна кралица, смее да се омажи за лице од кој било пол, без да го загуби правото на круната, изјави холандскиот премиер Марк Руте.

Таа е ќерка и престолонаследничка на кралот Вилем-Александар.

Руте одговараше на пратенички прашања по повод неодамна објавената книга „Амалија, должноста повикува“, во која се наведува дека, според старите закони, холандски монарх не може да биде во истополов брак, иако тој е легализиран во Холандија во 2001 година.

Во одговор на парламентот, Руте напиша дека „владата верува оти престолонаследничката може да се омажи за личност од ист пол и затоа не верува дека принцезата или кралот треба да абдицираат доколку сакаат да се омажат за партнер од ист пол“.

Меѓутоа, кралските венчавки мора да бидат одобрени од семејството, а членовите на кралската куќа понекогаш се откажувале од својот ред за наследување, со цел да стапат во брак со некого без дозвола, или затоа што мислеле дека нема да добијат одобрение за брак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk