logo
logo
logo

„ИДИ ИДИ НЕСАНИЦЕ“, едноставен ТРИК кој ќе ви помогне побрзо да ЗАСПИЕТЕ!

Vecer | 21.05.2021

„ИДИ ИДИ НЕСАНИЦЕ“, едноставен ТРИК кој ќе ви помогне побрзо да ЗАСПИЕТЕ!

Несоницата им создава проблеми на многумина. Има различни здравствени и емоционални причини за тоа, а најголема причина е стресот. Ако имате проблеми со спиењето, т.е. не можете да заспиете, обидете се со еден едноставен метод на дишење кој ќе ви помогне да ги смирите мислите и да заспиете.

Според експертите, методот на дишење 4-7-8 се базира на принципите на медитација и гарантира дека ќе заспиете за неколку минути.

Кога ќе легнете ...

  1. Вдишете го воздухот мирно низ носот 4 секунди.
  2. Задржете го здивот 7 секунди.
  3. Издишете полека преку устата 8 секунди.

При анксиозност или стрес, количината на адреналин во телото се зголемува, а дишењето станува брзо и многу плитко. Оваа вежба работи како седатив бидејќи има за цел забавување на дишењето и отчукувањата на срцето и ве релаксира за многу краток временски период.

Методот 4-7-8 го истражуваше и лекарот од Харвард Ендру Вејл, кој откри дека го практикуваат индиски јогини со векови. Тие го користат за време на медитацијата за да постигнат состојба на целосна релаксација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk