logo
logo
logo

И возачите на камиони ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

И возачите на камиони ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА (ВИДЕО)

„Работата од дома“ одеднаш стана еден од најчесто користените изрази во текот на изминатата година.

Јавноста стана се повеќе заинтересирана за нови системи и технологии што го овозможуваат ова, дури и во релативно традиционалните индустрии, како што е транспортот.

Еден од системите што може да пружи ваква можност, и кој повторно се најде во центарот на вниманието, е Телеоперацијата на шведската компанија Voysys - технологија што овозможува далечинско управување на камионите преку 5G мрежа.

Во комбинација со технологијата за виртуелна реалност, овие системи може да се користат и за далечинско управување на разни видови машини.

Телекомуникациските мрежи со мала латентност (одговор на сигнал) може да им овозможат на возачите на камиони да работат од далечна локација, користејќи технологија за виртуелна реалност (VR). Возачите може да седат во оперативниот центар, оддалечен илјадници милји о од камионот кој што го носи товарот. На екранот пред нив, тие би имале дисплеј од камерите на автономно возило и можеле да го контролираат како да се навистина зад воланот.

https://youtu.be/C5idhg5OMlQ

Операторите би користеле купола со видео-екрани или VR-слушалки. Системот му овозможува на операторот видно поле од 180 степени. Предностите на оваа технологија се дека возачите повеќе не би морале да бидат надвор од домот, а исто така би било можно еден оператор да замени друг, кога ќе настане замор и слично. Технологијата исто така може да ја подобри безбедноста кога станува збор за операции со висок ризик. На пример, може да се користи за сложени и деликатни задачи, како што е ракување со кран за товар на дрва.

Мало задоцнување во преносот овозможува природно чувство при возење. Технологијата користи кули 4G / LTE или 5G за да се поврзе со возилата. Voysys може да се пофали со време на доцнење од 75 милисекунди во 4G / LTE и 40 милисекунди на побрзи мрежи.

Како ќе се развива оваа приказна во иднина, останува да видиме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk