logo
logo
logo

И премногу вода не е добро: Не претерувајте, бубрезите не можат да работат толку брзо!

Vecer | 02.07.2021

И премногу вода не е добро: Не претерувајте, бубрезите не можат да работат толку брзо!

Ретко се случува, но и прекумерното пиење вода за кратко време, обилното и брзо консумирање (хиперхидратација) не е добро, бидејќи доведува до нерамнотежа на електролитите во телесните течности, што предизвикува пречки.

Освен тоа, бубрегот има свој капацитет да излачува течности преку урината, се проценува на околу 1 литар на час, и ако приливот на вода е поголем од неговиот капацитет, бубрегот не е во можност да го надомести тоа.

Првите симптоми дека во телото има многу повеќе вода од потребната количина се главоболка, гадење, грчеви. Се појавува и отежнато дишењето во лежечка положба поради наталожените течности во белите дробови (состојбата се подобрува во седечка положба), главоболка, повраќање, конвулзии, зголемен крвен притисок, отечени раце и нозе… Во најтешките случаи, се јавува губење на свеста, кома и смрт.

Лекувањето се спроведува со ограничување на внесувањето вода, давање електролити, концентриран раствор на гликоза со кој, ако е потребно, и инсулин.

Во секој случај, во сè, па дури и во пиењето вода, мора да бидеме умерени и да го слушаме организмот дали ни дава чувство на жед или не, да не го потиснуваме чувството на жед, туку да го задоволиме со навремено внесување на течности.

Човечкото тело се состои во просек од 65 до 70 отсто вода, но со возраста тоа полека се намалува. За да бидете здрави и да се чувствувате добро, неопходно е да се одржува тоа ниво, односно да внесувате доволно течност во организмот, но не премногу.

Потребите за вода зависат од количината на внесена храна и телесната тежина, возраста и физичката активност. Дневно, во умерена клима, во просек се препорачува да пиете 0,3 дл вода на килограм телесна тежина.

Пример: Лицето кое тежи 50 кг, треба да пие дневно 1,5 л (0,3 дл вода x 75 кг), а лицето кое има 75 кг треба да пие 2,25 л (0,3 дл вода x 75 кг) вода на ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk