На светскиот ден на пчелите, американската актерка Анџелина Џоли се приклучи на иницијативата за нивна заштита, со цел да ја нагласи важноста на нивното зачувување, како и да се поддржат жените кои се занимаваат со пчеларство.

За потребите на кампањата, таа се фотографираше за „Нешнал џеографик“ покриена со пчели, а, како што рече, поради тоа не се истуширала три дена за да не ги одбива пчелите со мирисот на шампон и сапун.

Беше прекрасно да се биде поврзан со овие прекрасни суштества. Ми ставија нешто во носот и ушите за да не влегуваат во сите отвори во моето тело“, рече Џоли, која пред снимањето мораше да нанесе феромони за да ги привлече пчелите, пренесува Танјуг.

Фотографот Ден Винтерс рече дека сесијата со актерката траела 18 минути, а за тоа време таа морала да биде потполно мирна. Сите освен актерката биле во заштитни одела, а таа била совршено мирна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dan Winters (@danwintersphoto)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dan Winters (@danwintersphoto)