logo
logo
logo

И ова имало: СУД НАРЕДИ ЗАЕДНИЧКО СТАРАТЕЛСТВО ЗА КУЧЕ на разведен пар

Vecer | 27.10.2021

И ова имало: СУД НАРЕДИ ЗАЕДНИЧКО СТАРАТЕЛСТВО ЗА КУЧЕ на разведен пар

Судија во Шпанија додели заедничко старателство на разведен пар кој побарал од судот одлука со кого ќе живее миленикот.

Судот во Мадрид смета дека двете страни се подеднакво одговорни и дека треба да се грижат за кучето по име Панда. Оваа пресуда е донесена во време кога Шпанија е во процес на донесување закон според кој животните повеќе нема да се сметаат за „предмети“, туку законски ќе бидат признати како живи суштества.

Овој статус ќе го олесни процесот кога партнерот ќе побара заедничко старателство над миленикот по разводот.

Договорот за посвојување, сметките за ветеринарна служба и фотографиите на парот со кучето послужиле како доказ во судот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk