Ѝ дозволив на жена ми да оди на прослава од работа – и зажалив

Жена ми имала прослава во фирмата, и како што рече, не можела да се извлече бидејќи требала да добие награда за најдобар работник...

Останав сам во станот со близнаци од 6 месеци, рече дека брзо ќе се врати.

Поминуваа часови, нејзе ја немаше, а тогаш во еден по полноќ ѕвони мобилниот. Ми рече дека се напила и дека не е во состојба да вози и дека ќе преноќи во хотел каде што е прославата. Се извини и ми посака добра ноќ, меѓутоа... Беше навистина пијана, толку пијана што не ја прекина врската, а потоа се слушна.

"Кој ќе биде прв, директорот или шефот, или и двајцата заедно ќе влезете", ги прашала а потоа онака како "камењарка" се насмеала.

Не можев понатаму да слушам и го фрлив телефонот. Од мака заплакав, а потоа слушнав тропање на вратата, а таа трезна и насмеана...

"Будалетинко навистина ли помисли дека сум фукара и дека ќе те изневерам?"

Иако не сакам шеги на своја сметка, сепак се израдував и ми беше драго што сето тоа беше шега.

Поврзани

Најнови вести

Коментари