logo
logo
logo

И дошло преку глава од премногу работа па КУПИЛА КАМП ПРИКОЛКА СЕГА ПАТУВА НАСЕКАДЕ (ФОТО)

Vecer | 22.09.2021

И дошло преку глава од премногу работа па КУПИЛА КАМП ПРИКОЛКА СЕГА ПАТУВА НАСЕКАДЕ (ФОТО)

Сидни Фербрах (26) од Индијанаполис ги дала сите заштеди за еден караван за да  може да патува низ Америка.

Работела 70 часа неделно и студирала моден менаџмент. Но, оваа 26-годишна девојка брзо се изморила од стресниот начин на живот и обврските и ги вложила сите заштеди во камп приколка за да патува во Америка со своите две кучиња. Таа тргнала во октомври 2017 година.

"Бев толку уморна цел ден. Учев, работев 70 часа неделно за да можам да ја платам киријата и школарината. Бев исцрпена и многу несреќна", вели таа.

Кога дипломирала, вели, знаела дека е време да промени нешто во нејзиниот живот.

"Можев да продолжам да работам и да бидам очајна и несреќна, или да ги дадам сите мои заштеди на караванот и да дадам се од себе за да се случи тоа. Сакав да патувам и се одеднаш ми имаше смисла. Се откажав од се, и еве ме потоа, на пат“, рече таа.

Претходно работела како менаџер за организирање настани во хотели и ресторани, што значело дека понекогаш морала да работи од 7 наутро до полноќ.

"Постојано си велев дека животот не треба да биде таков. Мора да има нешто повеќе", објасни таа.

Донела одлука да работи напорно некое време, но да заштеди за камп приколка и заштедила 16.000 долари.

Откако го купила караванот во октомври 2017 година, таа ја обиколила цела Америка, источна Канада и Мексико.

"Се будам со насмевка, заспивам со насмевка. Чувството на слобода и цел ден е неверојатно. Има многу онлајн работни места што можат да се завршат и се може да се вклопи. Јас повеќе не сум роб на работата, јас работам колку што ми треба за основни работи. И уживам во остатокот од денот. Мислам дека тоа е реалниот живот ", рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk