IT4CHARITY 2022 продолжи со BIG IT RACE оваа година.

Проектот почна на 20 мај, а завршува на 25 септември со голема трка.

СОС ДЕТСКО СЕЛО е оранизатор на првата хуманитарна ИТ трка која ќе се одржи во Скопје на 25 Септември 2022 година.

На хуманитарната ТРКА учествуваат единствено ИТ компании кои преку финансиски донации за поддршка на работата на СОС Детско село овозможуваат нивните вработени да бидат дел од овој настан.

Трката почнува на 25 септември, недела во 09.00 часот, на вело патеката на Кеј кај хотелот Александар Палас, а ќе заврши во Ново Лисиче, кај Парк Авионче околу 13 часот.

Таму ќе се одржи 1 часовен настан кој што има за цел да ги зближи учесниците и нивните семејства кои ќе бидат поканети да ги пречекаат заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

На самата локација на платото на Парк Авионче организаторот СОС Детско село ќе постави уникатни реквизити за спортски и забавни активности во кои ќе можат да уживаат сите посетители под мотото настан за семејството.

Концептот на проектот е: за секој поминат зелен километар од вработените, компанијата донира средства на СОС ДЕТСКО СЕЛО.

НЛБ Банка 210-0552173401-87

Шпаркасе Банка 250-1010002868-04

  • Почеток на трката
    1. Бидејќи има две дисциплини, трчање и возење велосипед, има две времиња за старт на трката.
    2. Првото време, каде што ќе тргнат велосипедистите, ќе биде во 09:15 часот
    3. Второто време, каде што ќе тргнат трчачите, ќе биде во 9:30 часот
  • Финиш на трката
    1. Прогласување на најдобри 3 места во дисциплина тркачи – машки пол/женски пол.
    2. Прогласување на најдобри 3 места во дисциплина велосипедисти – машки пол/женски пол
    3. За секој учесник ќе има благодарница од СОС Детско село за нивната заложба и учество во трката

Секоја година се поголем број на граѓани се приклучуваат во поддршката на СОС Детско село.

Многу донатори прават голема разлика во животот на децата од ранливите групи а во исто време секоја донација возвраќа на секоја индивидуа со радост, гордост и лично задоволство.

Благодарност до сите оние граѓани кои во текот на годината донираат дел од своето време и средства на СОС Детското село и на оние кои секој месец посветено донираат и овозможуваат континуитет на поддршката на оние на кои им е најпотребно.