Хрватската претседателка вдоми куче од прифатилиште за животни

Колинда Грабар Китановиќ денес, посетувајќи ја Вировитица – вдоми куче. Се разбира, вдомувањето на напуштените животни е нешто што треба да биде вообичаено и нешто што би сакале да го гледаме повеќе и почесто, но кога тоа го прави хрватската претседателка во текот на својата службена должност, тогаш предизвикува интерес кај јавноста.

Kika je pronašla dom. Vjerovali ili ne, postaje Prvi pas 🐾❤️#udomivirovitičana

Gepostet von Sklonište Za Životinje Virovitica am Donnerstag, 11. Oktober 2018

Колинда ја вдоми шестмесечната мешанка Кики од Прифатилиштето за животни во Вировитица.

„Тоа беше неочекувано, и ние не го очекувавме. Претседателката протоколарно го обиколи засолништето, но штом таа пристигна, веднаш уште на почетокот и пријде Кика”, раскажува ветеринарот Дражен Мајетиќ од ветеринарната практика „Феликс“, еден од луѓето кои се грижат за напуштените животни во вировитичкото прифатилиште.

„Тоа навистина не беше наместено”, уверува Мајетиќ и додава дека Колинда успеала и нив да ги изненади со својата постапка во прифатилиштето. Од сите кучиња, најпрво и пријде на Кики и помина некое време мазејќи ја, вели Мајетиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари