logo
logo
logo

Хрватка ОДИ НА ЕВРОПСКО ВО С*КС: Ќе трае два месеци, еве други детали (ФОТО)

Vecer | 30.05.2023

Хрватка ОДИ НА ЕВРОПСКО ВО С*КС: Ќе трае два месеци, еве други детали (ФОТО)

Европското првенство во секс за прв пат се организира во Шведска, а таму ќе настапи и 27-годишната Хрватка Марија Задравец.

„Натпреварот го започнуваме затоа што сакаме да укажеме на подреденоста на жената во општеството. Жените се стигматизирани со години. Сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви, ако не и подоминантни од мажите“, наведуваат на официјалната страница на овој натпревар.

„Натпреварот се одржува во Гетеборг. Организатор е Шведската сексуална унија. Швеѓаните гледаат на сексот како спортска дисциплина. Како добив место на натпреварот? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде што запознав моќни луѓе од порно индустријата Јас сум единствената порно актерка во Хрватска па добив покана да ја претставувам Хрватска“, рекла Марија, а потоа објаснила како изгледа самото натпреварување.

„Ќе трае два месеци. Ќе има по 10 мажи и 10 жени. Ќе нè сместат во куќа, ќе снимаме од 0 до 24 и луѓето ќе можат да го гледаат шоуто. Нешто како Големиот брат. Категориите во на кои ќе се натпреваруваме се заведување, масажа, масажа во ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност...“, објасни таа.

„Натпреварот ќе трае 45 минути дневно. Секој натпреварувач избира личност со која сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Значи, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној кој мислам дека ќе биде добар во одредена категорија“, додаде Марија.

А потоа објасни како изгледа бодувањето и дали има награден фонд.

„Сè ќе оценуваат пет судии. Ќе гласа и публиката, на истата страница каде што ќе се прикажува натпреварот - swedishsexfederation.com. На крајот на неделата се елиминираат оние со најмалку поени. Има богата награда базен за првите три места, но точните суми се уште не можам да ги кажам. Медали ќе добијат најдобрите. Како што кажав Швеѓаните сексот го сметаат за спорт...Исто така победникот на натпреварот оди директно на СП Датумот на тој натпревар ќе биде одреден подоцна“, заклучи Марија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk