logo
logo
logo

Хотелска соба создадена да ве нервира, НО КРИЕ СИЛНА ПОРАКА (ВИДЕО)

Vecer | 06.02.2021

Хотелска соба создадена да ве нервира, НО КРИЕ СИЛНА ПОРАКА (ВИДЕО)

Повеќето сметаат дека кога престојуваат во хотел треба да се опуштат. Хотелот најчесто асоцира на годишен одмор, па оттаму и тоа дека во собата треба да ви биде пријатно.

Но дали сте слушнале дека постои хотелска соба која се создадена за да ве нервира?

Таа е дело на уметникот Кристофер Самуел од Лестер, лице со попреченост, па просторијата е создадена од неговата фрустрација заради сите проблеми со кои се соочил во хотелите каде што престојувал.

Иако во денешно време сите се обидуваме да ги намалиме стресот и нервозата, очигледно има такви луѓе на кои такво нешто може да им се допадне. Значи, во англискиот град Блекпул има хотел „Art B&B“ кој има специјално дизајнирана хотелска соба чија главна задача е да ги нервира и фрустрира гостите.

Хотелот има вкупно 19 соби, секоја дизајнирана од различен уметник. Поради тоа, овој хотел може да се смета за вистинско уметничко дело, но веројатно најголемо внимание привлекува просторот за фрустрација.

- Сè што се наоѓа во просторијата 1.08 е направено на погрешен начин. Прекинувачите се поставени ниско, креветот е многу удобен, но премногу висок, така што едвај се качувате на него, осветлувањето е премало, па ако сакате да читате во кревет, мора да станете од кревет, местото за седење е тесно, телевизија може да се гледа само во огледало...

И тогаш откако ќе излезете од собата  можеби ќе ги разберете луѓето кои треба да се движат во инвалидска количка или со помош на патерици ...

[embed]https://youtu.be/3XyrluCAkLQ[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk