logo
logo
logo

Хороскоп за викенд: Рибите очекуваат ненадејна средба, а Шкорпиите раскинуваат врска

Vecer | 12.08.2022

Хороскоп за викенд: Рибите очекуваат ненадејна средба, а Шкорпиите раскинуваат врска

Овен

Работата во тим е сè уште главна тема за вас. Беше напорна недела и научивте неколку лекции. За време на викендот размислете за се и поставете ги мислите во ред.

Бик

Семејните односи како и партнерските односи ќе имаат кулминација сега за викендот. Останувате верни на себе и не дозволувате да ве налутат бидејќи тогаш уништувате се.

Близнаци

Неделата зад вас беше зафатена во бизнисот. Вие кои имате деца, посветете им се. Викендот очекувајте убаво изненадување од пријател.

Рак

За време на викендот очекувајте критики од пријателите. Долго време го избегнувате разговорот.

Лав

Се случува тајна деловна љубовна врска. Партнерот го чувствува тоа. Не коцкајте нешто што сте го потрошиле со години создавајќи преку ноќ.

Девица

Следната недела ве става на тест! Дали научивте да кажувате НЕ? За време на викендот разговарајте со себе.

Вага

По напорната, но успешна работна недела, време е да се посветите на себе и на вашите најблиски. Поминете го викендот со нив.

Шкорпија

Повеќето од вас донесоа одлука да ја прекинат емотивната врска бидејќи немаше друго решение. Вие најдобро знаете како да си ја вратите енергијата за во викенд да го правите само она што душата ви посакува.

Стрелец

Нема повеќе негативна енергија околу вас. Сте се оградиле од такви луѓе. Направивте штит од оние што не можете, како колегите од работа. За време на викендот ве очекува одлична покана за забава која не смеете да ја пропуштите.

Јарец

Полека сите ваши стравови стивнуваат. Сфативте дека сето тоа се теши само во вашата глава. Посветете го викендот на себе и на вашето тело и ум.

Водолија

Работната недела заврши и можете малку да се опуштите. Темпото беше силно и продолжи следната недела. Совет е да спиете што повеќе квалитетно за време на викендот за да се опоравите и подготвите за следната работна недела.

Риба

За време на викендот очекувајте ненадејна средба со личност која долго време не сте ја виделе. Можеби имате чувства. Само следете ја вашата интуиција.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk