logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 8 МАЈ: Овие знаци треба да внимаваат на исхраната и здравјето

Vecer | 08.05.2021

ХОРОСКОП ЗА 8 МАЈ: Овие знаци треба да внимаваат на исхраната и здравјето

Бикот денеска треба да избегнува било какви ризици, особено на работен план, Вагите поради љубомора ги чекаат проблеми на љубовен план, додека Јарецот ќе има проблеми да се соочи со работи од своето минато. Погледнете што носи денешниот хороскоп

ОВЕН

Пред вас е генерално поволен ден, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите идеи. Многу е важно со саканата личност да остварите искрен однос, ако сакате вашата врска да напредува. Болки во грбот се можни.

БИК

Избегнувајте било каква врста на ризик, затоа што во текот на денот би можеле да бидете наклонети кон некои мали ризици на работа. Можно е да постојат околности кои не ви се допаѓаат, а ја засегаат и вашата врска со партнерот. Проблеми со црниот дроб.

БЛИЗНАЦИ

Ако се занимавате со приватна работа, ве очекува неповолен период. Чувајте се од можните штети. Може да се каже дека односот со саканата личност доаѓа до проблематична точка во текот на денешниот ден. Проблеми со варењето на храната.

РАК

Не ви е лесно да ги покажете своите способности затоа што не сте добиле поддршка која сте ја очекувале. Можни се мали недоразбирања со партнерот. Потрудете се да покажете повеќе флексибилности во комуникацијата. Водете сметка околу зглобовите.

ЛАВ

Пред вас се отежнителни околности на работното поле. Можно е да почувствувате доза на непријателство и ривалство. Имате впечаток дека саканата личност не е сосема искрена кон вас, и тоа не ви се допаѓа. Проблеми со кичмата.

ДЕВИЦА

Пред вас е поволен ден за полето работа. Ако сте планирале некое кратко патување, ќе ви се исплати. Емотивно сте сосема сигурни во својата одлука и знаете со кој сакате да бидете и кој ви значи. Одлично се чувствувате.

ВАГА

Можни се некои пречки кога е во прашање работата. Ве очекува период во кој работната ситуација ќе ви се разниша. Вашата љубомора би можела да ви донесе извесни конфликти помеѓу вас и партнерот. Хронични проблеми.

СКОРПИЈА

Можно е да имате кочници на работа. Доста работи се менуваат и не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Имате впечаток дека партнерот сака премногу промени и дека вие сега не сте подготвени за тоа. Внимавајте на бешиката и бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен ден за решавање на проблемите. Максимално посветете се на остварување на целите. Имате добар однос со саканата личност. Ако сте слободни, ве очекува значајно познанство. Одлично здравје.

ЈАРЕЦ

Иако сте загрижени за своите околности, во последен момент ви се укажува факторот среќа. Ви се враќа старата љубов иако можеби на такво нешто не сте подготвени. Не ви е лесно да се соочите со минатото. Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува поволен ден. Можно е да имате голем мотив за работење денеска. Ве очекува добар однос со брачниот партнер. Можно е да планирате проширување на фамилијата. Добро здравје.

РИБИ

Напорен ден ве чека во текот низ кој ќе ви треба доста време за да ги завршите сите обврски. Мали несогласувања со личноста која ви се додворува ве доведуваат до некои непријатни ситуации денеска. Проблеми со варењето на храната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk