logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 7 ЈУНИ: Овие знаци да чекаат ПРИЛИВ НА ПАРИ

Vecer | 07.06.2023

ХОРОСКОП ЗА 7 ЈУНИ: Овие знаци да чекаат ПРИЛИВ НА ПАРИ

ОВЕН

Денес е вистинскиот момент да ги презентирате вашите предлози на луѓето со кои сакате да соработувате. Бидете активни, бидејќи на полесен начин ќе ги започнете оние комуникации кои ви се важни. Истата ситуација важи и за емотивниот сегмент - бидете во движење!

БИК

Одличен момент за почеток на некои разговори со претпоставените - не двоумете се, имате доволно самодоверба и убедливост. Во емотивниот сегмент очекувајте една личност да стане многу активна кон вас. Можете да го почувствувате интересот.

БЛИЗНАЦИ

Нешто што сте го започнале се остварува; може да добиете позитивни одговори на оние прашања што ве интересираат. Нетрпеливи сте и едвај чекате да скокнете во акција кога е во прашање емотивниот сегмент. Ќе бидете комуникативни и флертувачки.

РАК

Повремено може да има проблеми во комуникацијата. Тоа е како да зборувате на различни јазици - обидете се да бидете трпеливи и да му објасните на соговорникот што е важно за вас. Потребно ви е вашиот емотивен партнер да покаже повеќе разбирање и внимание.

ЛАВ

Во текот на утрото сте многу добро расположени и најдобро би било во тој период да ги завршите најпребирливите задачи. Не оставајте важни работи за подоцна. Потезите на една личност ве натераа да размислите. Јасно ви е дека таа сака нешто повеќе со вас.

ДЕВИЦА

Ќе бидете упорни и ќе барате од колегите да го слушнат вашето мислење или предлози. Не се откажувајте и повлекувајте се. Вашите идеи се одлични и треба да се споделат. Искористете го овој ден за да поминете убави и мирни моменти дома со вашата сакана.

ВАГА

Од рано наутро ќе бидете зафатени со повици и пораки, има одредени големи активности. Лесно ќе се согласите со оние со кои ќе стапите во контакт. Искористете ја својата уверливост и во емотивниот сегмент – време е да бидете поконкретни кога станува збор за една личност.

СКОРПИЈА

Се чувствувате одлично и ќе тргнете во акција. Големи можности за постигнување важен договор во текот на овој ден. Исто така, отворени сте за повеќе приливи. Во емотивниот сегмент ќе бидете многу емотивни и желни за контакт со саканата личност.

СТРЕЛЕЦ

Успеавте да раздвижите некои луѓе и сигурно е дека ќе ви излезат во пресрет за прашања кои ви се важни. Често во текот на овој ден ќе размислувате за една личност - желбата и потребата нешто да се случи во оваа приказна ќе станат посилни.

ЈАРЕЦ

Залудно ќе се обидувате да убедите некои луѓе. Ако некој не е заинтересиран да ве слушне, не трошете зборови. Секој нека си прави како што му одговара. Преку деловниот сегмент денес можете да започнете поотворен флерт со некого.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете во многу подготовки, бидејќи ве очекува деловен состанок или договор на кој ќе сакате да бидете целосно подготвени. Проверете дали се е во ред со трудовите што ви се важни. Во емотивниот сегмент големи можности за договарање состаноци.

РИБИ

Обидете се да бидете поодговорни, бидејќи можно е да заборавите на некои важни работи. Во вториот дел од денот сте порасположени, а тогаш е вистинскиот момент за емотивна средба. Имате многу страст и едвај чекате да го видите партнерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk