logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 6 ДЕКЕМВРИ: Овие знаци ДА ВНИМАВААТ КАКО ТРОШАТ ПАРИ

Vecer | 06.12.2022

ХОРОСКОП ЗА 6 ДЕКЕМВРИ: Овие знаци ДА ВНИМАВААТ КАКО ТРОШАТ ПАРИ

ОВЕН

На повидок е финансиска придобивка, која ќе ја намали тензијата која ве мачи веќе некое време. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Одложи сè што не мора да завршиш денес.

БИК

Конечно би можеле да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го вашето двоумење и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со мажи. Во љубовта не двоумете се, вистинско време е да заземете цврст став.

БЛИЗНАЦИ

Денот го започнувате со грандиозни планови. Ловете ја секоја прилика за да не се наметнат повторно како конкуренција на луѓето кои ве претекнале. Ве соочува со комплицирани задачи, кои доколку не ги решите можат да направат да изгледате смешно. Не се разболувај.

РАК

Незадоволството на љубовен фронт се заканува да стане причина за сериозен конфликт помеѓу вас и вашата сакана. Вистинската причина за сè лежи во тоа што веќе некое време врската ја сведете на допишување и телефонски разговори, кои во најголем дел се кратки.

ЛАВ

Ако имало некои недефинирани врски кои до сега не сте ги расчистиле, вечерта носи вистинско откровение. Ви доаѓа неочекуван поттик од личност од која не сте го очекувале. Време е да се опуштите, но избегнувајте алкохол.

ДЕВИЦА

Внимавајте на трошоците, потребно е внимателно и темелно да го распределите секој динар. Невработените треба да се обратат за помош кај своите пријатели. На крајот од денот доаѓа олеснување и силна морална поддршка од постар член на семејството.

ВАГА

Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откритие. По прераспределбата на обврските, добивате неочекуван поттик од личност која до сега не била пријателски настроена кон вас.

СКОРПИЈА

Доколку се најдете со можност да купите нешто големо или да потпишете некои многу важни вредни хартии, бидете внимателни бидејќи тоа не е поволен момент. Може да ви прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.

СТРЕЛЕЦ

Ненадејната средба отвора можност долгогодишното познанство да се претвори во романса. Трпеливо надминете ги можните потешкотии на почетокот бидејќи се ќе ви изгледа многу хаотично. Во текот на вечерта пристигнува неочекуван пресврт кој ќе ве потресе.

ЈАРЕЦ

Пред вас е можна помала криза бидејќи врската со саканата личност е сведена на кратки разговори кои обично ги водите на крајот од секој ден. Се лажете ако мислите дека ќе ја поправите работата со долг и исцрпувачки разговор, за кој вечерва не е време.

ВОДОЛИЈА

И на љубовен и на деловен план, ви претстои ден полн со ризични ситуации. Ова бара многу енергија, која вообичаено ви недостига. Разговорите кои ќе ги водите со одредени луѓе нема да дадат големи резултати.

РИБА

Од страв да не ја разнишате привидната стабилност на врската, целата вина ја преземате на себе. Може да влезете во сериозен конфликт бидејќи сте го прецениле вашето трпение. Промените во приватниот живот ја нарушуваат и рутината во секојдневниот работен живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk