logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 5 ЈУНИ: Погледнете кои знаци ГИ ЧЕКААТ ПРОМЕНИ

Vecer | 05.06.2023

ХОРОСКОП ЗА 5 ЈУНИ: Погледнете кои знаци ГИ ЧЕКААТ ПРОМЕНИ

ОВЕН

Ќе бидете малку нервозни поради големиот обем на обврски кои ве очекуваат од рано наутро, но ќе се трудите да одржите коректен однос со соработниците. Ако вложите труд, работната атмосфера ќе биде апсолутно добра. На љубовен план сакате вашата сакана личност да биде повеќе ангажирана околу вас.

БИК

Ќе ви се чини дека сте згрешиле во многу работи, ќе мислите дека вашите потези биле избрзани. Обидете се да не подлегнете на лошото расположение, особено што тоа ќе трае само во утринските часови. Остатокот од денот ќе ви донесе посветли мисли.

БЛИЗНАЦИ

Нерасположението во првиот дел од денот брзо ќе се надмине и пред вас се добри моменти како во деловниот, така и во емотивниот сегмент. Расположението ќе ви биде заразно. Во вашиот ум е личност што ја запознавте неодамна, веројатно преку работа.

РАК

Ќе се однесувате поинаку кон луѓето со кои работите. Колегите може да забележат промена кај вас, бидејќи нема да бидете подготвени да ги запознаете за оние ситуации кои не ве засегаат лично. Емотивно – добар ден за излегување и дружење.

ЛАВ

Краткорочна вознемиреност поради критики кои ќе ви бидат упатени од претпоставените. Контактирајте со колегите - денес тие се подготвени да ве запознаат. Ќе уживате во движење, дружење со пријателите или прошетка или излегување со партнерот.

ДЕВИЦА

Промените во деловниот сегмент се случуваат токму во насока на која се надевавте. Многу често на памет ви поминува личност со која имате разлика во години. Многу сте заинтересирани за поинтимен контакт.

ВАГА

Одлично сте расположени, а настаните во деловното опкружување добро ви одат. Обидете се да ги искористите можностите што ви се појавуваат. Доколку сакате поинтензивно да иницирате комуникација со личноста која ве интересира, сега е вистинскиот момент.

СКОРПИЈА

Не сте сигурни како да постапите во некоја ситуација. Добивте некаква форма на одобрение или најава дека ќе се постигне она што го сакате, но сепак малку се двоумите и калкулирате. Врската со емотивниот партнер е исполнета со страсни моменти.

СТРЕЛЕЦ

За да избегнете непријатна ситуација, ќе мора да бидете подипломатски. Добри можности за договор со соработник од кој очекувате многу. Партнерот ќе ве притиска за некои прашања, но вие ќе се обидете правилно да се поставите.

ЈАРЕЦ

Без оглед на договорот што сакате да го направите, го добивате само она што го сметате за ветување. Нема шанси некоја од тие приказни навистина да се оствари. Едно лице се обидува да ве анимира и придвижи, но вие во моментов избегнувате поотворена комуникација со нив.

ВОДОЛИЈА

Нетрпеливоста не ви оди најдобро, особено ако избрзате со некои прашања во утринските часови. Подобро е да се посветите на своите должности во тоа време. Во вас се разбудиле силни страсти и ќе го поминете денот размислувајќи да ја запознаете личноста која ве привлекува.

РИБИ

Голем број на контакти, средби, договори... Можно е во одреден момент да не знаете што сте му кажале или ветиле кому. Сепак, вашето расположение не е воопшто лошо, што ќе се покаже во односот со саканата личност. Исто така – одлични можности за флертување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk