logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 31 МАРТ: Овие знаци денеска ДА ВНИМАВААТ КОМУ ВЕРУВААТ

Vecer | 31.03.2023

ХОРОСКОП ЗА 31 МАРТ: Овие знаци денеска ДА ВНИМАВААТ КОМУ ВЕРУВААТ

ОВЕН

Денеска со колегите можете да покренете прашања или обврски кои останале недовршени. Фокусирајте се на сè што е поврзано со договори, документи, архивирање документи. Врската со саканата личност не ви дава некој посебен поттик.

БИК

Може да има триење во колегијалните односи. Делумно ќе бидете виновни за ситуацијата, најмногу поради вашата тврдоглавост и убедување дека сте целосно во право. Преиспитајте ги вашите ставови. Не ја пренесувајте нервозата што ја чувствувате во врската со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Денес навистина имате многу работа, а ситуациите кои „пукаат“ се комплицирани и напорни. Обидете се трпеливо да дојдете до вистинските решенија. Подготвени сте повеќе да му се отворите на емотивниот партнер за некои прашања. Во моментов сте заинтересирани за стабилност.

РАК

Денеска ви треба малку трпение за да дојдете до решение во некои разговори со колегите. Не се откажувајте ако на почетокот се чини дека нема договор. Денес е добар момент да се придвижите кон личноста за која интензивно размислувате.

ЛАВ

Треба да го искористите овој ден и посериозно да се посветите на прашања кои моментално се во некаков ќорсокак. Можен е прилив на помала сума. Хармонична комуникација со саканата личност. Не дозволувајте некои ситници да ве нервираат.

ДЕВИЦА

Денеска ќе се обидете да бидете на десет страни одеднаш. Како ќе испадне на крајот е веќе големо прашање, иако се чини дека ќе успеете малку да завршите. Обидете се да се организирате подобро. Чувствувате дека сте поблиску до саканата личност.

ВАГА

Ќе мора да го промените пристапот кон некои луѓе бидејќи тешко дека ќе успеете да се договорите. Некој бара големи барања од вас, се обидувате да направите компромиси, но тоа не успева. Емоционално – премногу се потресувате за некои ситуации со партнерот.

СКОРПИЈА

Имате повеќе од силна поддршка од луѓето во вашата околина и денес би можеле да се обидете да направите поконкретна промена во ситуациите кои ви се важни. Претпочитате контакт со пријателите бидејќи вашата сакана ве оптоварува со своите постапки.

СТРЕЛЕЦ

Некои луѓе на кои сметавте може да ве остават на цедило. Внимавајте кому му верувате. Ограничувањето со кратки рокови ве тера да брзате. Во емотивниот сегмент – партнерот се заинтересирал за некои прашања.

ЈАРЕЦ

Вие сте тврдоглави и немате намера да се откажете од своите ставови или од прашањата што сте ги покренале. Забелешките на другите сега само отскокнуваат од вас. Во емотивниот сегмент – време е да слушнете што има да ви каже саканата личност.

ВОДОЛИЈА

Повеќе ќе се фокусирате на приватните обврски, а времето поминато на работа најмногу ќе го трошите на извршување на стандардни, дневни обврски. Во емотивниот сегмент – мислите дека вашиот партнер премногу инсистира на некои негови ставови.

РИБИ

Со големи напори и многу трпение успевате да постигнете задоволителна комуникација со оние со кои работите. Во емотивниот сегмент – големи се шансите денес да разговарате со саканата личност за некои работи кои ви се важни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk