logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 25 МАЈ: Кој ќе има СРЕЌА СО ПАРИТЕ денеска

Vecer | 25.05.2022

ХОРОСКОП ЗА 25 МАЈ: Кој ќе има СРЕЌА СО ПАРИТЕ денеска

Родените во знак на Водолија може да очекуваат неочекувани трошоци, родените во знак на Рак пак може да очекуваат финансиска добивка, додека Биковите да внимаваат на здравјето. Погледнете што се носи денешниот хороскоп.

ОВЕН

Овој ден го најавува конечниот напредок во работата. Многу сте задоволни од резултатот. Се наоѓате во ќор-сокак бидејќи сте пред избор дали да започнете врска со личност која не ја познавате доволно. Хормонална нерамнотежа.

БИК

Поволен аспект ќе ви донесе успешни преговори со некој од странство. Финансиската состојба се подобрува. Ви се допаѓа личноста која сте ја запознале преку работата. Можна е тајна врска. Намален имунитет.

БЛИЗНАЦИ

Овој ден ќе биде одбележан со ненадејно пократко патување, но и успешно склучување на зделката. Успешно ќе завршите некоја правна работа. Љубовната авантура започната на патување или одмор има шанса да се претвори во нешто многу повеќе. Ве следи нервоза, напнатост.

РАК

Аспектите во вашето поле на пари ставаат акцент на финансиите. Можни се вонредни добивки. Слободните Ракови можат да се заљубат во личност која живее во друг град, па дури и во странство. Внесувајте премногу кофеин.

ЛАВ

Финансиската состојба ви се подобрува. Невработените Лавови чекаат одлична понуда за работа. Овој ден ќе ви донесе друштво. Во оваа прилика можете да запознаете личност во знакот Вага која нема да ве остави рамнодушни. Движете се повеќе.

ДЕВИЦА

Аспектите на Сонцето во вашиот знак можат да ви донесат просперитет. Некои нови елементи во работната средина ќе бараат прилагодување. Односот со партнерот постепено се подобрува. Размислувате за заедничка иднина. Несоница.

ВАГА

Вашиот однос со властите не е добар и може да се појави конфликтна ситуација под овие аспекти. Одржувајте дипломатски став. Го обвинувате партнерот што не ви посветува доволно внимание. Најдете компромисно решение. Облечете се лесно.

СКОРПИЈА

Планетите во вашето поле на комуникација укажуваат на можни потешкотии во односите со колегите и претпоставените. Користете дипломатски вештини за да избегнете конфликти. Скорпиите денес можат да бидат предизвикани да влезат во тајна врска. Ладно.

СТРЕЛЕЦ

Работата со пријател може да ви донесе значителен напредок во кариерата. Финансиската состојба се подобрува. Овој ден може да биде обележан со атмосфера на недоразбирање меѓу вас и вашиот партнер. Променете ја исхраната.

ЈАРЕЦ

Планетарниот аспект ќе ви донесе чекор напред во бизнисот. Ве очекува пократко службено патување. Семејните проблеми можат да ви предизвикаат главоболки денес. Сепак, најважното успешно ќе го решите. Ревматизам.

ВОДОЛИЈА

Денеска обрнете внимание на можните вонредни трошоци. Бидете внимателни кога потпишувате документи и ракувате со пари. Љубовната врска со личност која долго ви се допаѓа ќе ви разбуди пеперутки во стомакот. Слаба венска циркулација.

РИБИ

Соработката со некои пријатели не оди според вашите очекувања. Можеби ви недостасува одредена сума пари за понатамошни инвестиции. Партнерот изразил љубомора и сега треба да го решите проблемот со скршената доверба. Исфрлете ги газираните пијалоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk