logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 20 АПРИЛ: Внимавајте, овие знаци ќе имаат финансиски проблеми

Vecer | 20.04.2021

ХОРОСКОП ЗА 20 АПРИЛ: Внимавајте, овие знаци ќе имаат финансиски проблеми

Лавот денеска го очекуваат проблеми на работа и можни конфликти со колегите, Ракот ќе има проблеми во љубовта, додека Јарецот ќе има проблеми со стресот. Погледнете што носи денешниот хороскоп

ОВЕН

Промена на работата е пред вас, иако за такво нешто не сте се надевале. Би требало да се прилагодите на новите околности. Напната атмосфера со партнерот ве гуши, и вие размислувате за прекин. Проблеми со колковите.

БИК

Не е поволен ден за нови одлуки. Можно е да имате некои потешкотии на ова поле. Ладни сте и со саканата личност настапува фаза на заладување. Избегнувајте благо.

БЛИЗНАЦИ

Сакате по секоја цена да се докажете, но на тој начин би можеле да ги нарушите односите кои ги имате со колегите. Обидете се да го игнорирате мешањето во вашата врска. Љубовта треба да се негува. Болки во грлото.

РАК

Ве оптоваруваат ситници на работа. Како никако да не може да направите се да биде по ваша мерка. Не ви се допаѓа ставот кој го заземала саканата личност и може да имате расправии. Проблеми со јајниците се можни.

ЛАВ

Наклонети сте кон тоа да влегувате во конфликт на работното поле. Можно е да покажувате некои лични фрустрации. Не умеете на вистински начин да ги покажете своите чувства и делувате нервозно пред партнерот. Потребно ви е повеќе сон.

ДЕВИЦА

Сметате дека дошло време полека да ја менувате стратегијата затоа што и околностите се промениле. Потребно ви е повеќе флексибилност во комуникацијата со партнерот. Проблеми со синусите.

ВАГА

Поволен ден е пред вас. Работите ќе ви одат од рака и ќе бидете генерално задоволни. Имате прилика да бирате личност која најмногу ви се допаѓа да ја освоите. Ве очекува можност за влегување во врска. Кашлица.

СКОРПИЈА

Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе кога е во прашање работата. Бидете подготвени голем дел од одговорноста да преземете на себе. Претерано сте наклонети кон караници со саканата личност. Проблеми со црниот дроб.

СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате пред нова одлука. Можно е да имате шанса за промена на работното место. Можно е меѓу вас и саканата личност да постојат некои проблеми кои останале нерешени од порано. Полни сте со енергија.

ЈАРЕЦ

Имате финансиски проблеми кои од ден на ден се повеќе ве оптоваруваат. Неповолен период е пред вас. Можно е да не можете да остварите врска со личноста која ви се допаѓа, затоа што не сте слободни. Стрес.

ВОДОЛИЈА

Се обидувате сите работи да ги завршите на време, но секогаш постои нешто што дополнително ве успорува. Можни се конфликти со саканата личност, и тоа околу некои ситници кои не се толку важни. Вкочанетост.

РИБИ

Потребна ви е поддршка од колегите за да може да остварите работен проект на кој сте посветени. Многу сте чувствителни, па секој погрешен збор на партнерот на вас може да делува многу негативно. Уморни сте.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk