logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 18 МАЈ: Погледнете кој ќе има среќа со ПАРИ, а кој да внимава на исхраната

Vecer | 18.05.2021

ХОРОСКОП ЗА 18 МАЈ: Погледнете кој ќе има среќа со ПАРИ, а кој да внимава на исхраната

Вагите ќе имаат поволен ден на финансиски план, Бикот го очекуваат големи работи во љубовта, додека Лавот треба да внимава на исхраната. Погледнете што се носи денешниот хороскоп

Овен

Се стабилизира полето на финансии и сметате дека конечно сте на вистинскиот пат кога е во прашање работното поле. Не би требало да имате некои поголеми грижи и проблеми. Во љубовта не сте претерано дипломатични, го кажувате тоа што го мислите и очекувате саканата личност да ве прифати такви какви што сте. Можете да очекувате добар однос со саканата личност. Водете грижа за уринарниот тракт, генерално не би требало да имате поголеми проблеми

Бик

Ве очекува потпишување договор кој може да ви донесе значителни смени на работен план. Доколку се потрудите да го исполните својот дел од договорот, ќе имате добар профит. Доколку планирате брак со моменталниот партнер/ка, денешниот ден е поволен за веридба или објавување на одлуки. Пред вас се убави моменти на емотивното поле. Нагласена склоност кон иритација на кожата, потребно е да ја негувате.

Близнаци

Многу ви е важно да се покажете во најдобро светло пред своите колеги и соработници. Ако оставите добар впечаток, од тоа ќе имате голема корист. Навикнати сте на чести промени и не сакате статичност ни кога сте сами, ни кога сте со партнерот. Од него очекувате да пронајде нови начини за да ве забавува. Моментално сте малку чувствителни, па затоа погрижете се за вашето здравје. Одете на редовна лекарска контрола.

Рак

Имате доста слободно време и во текот на денешниот ден не сте ни малку оптеретени со работата. Не би требало да имате грижи или проблеми. Разговор со личноста која ви се допаѓа може да ве довее до зближување и нови, интимни настани меѓу вас. Ќе уживате во почетокот на новата врска која е пред вас. Одлична состојба на полето здравје. Нема причина за да бидете загрижени

Лав

Ве очекува подобрување доколку се занимавате со приватна работа. Пред вас е изразено поволна фаза за заработка. Можете да се надевате на добра ситуација. Доколку сте во брак, ве очекува заладување на односот меѓу вас и саканата личност. Сепак, се може да се реши доколку се потрудите да бидете нежни кон неа. Прилично чувствителен стомак, малку повеќе обрнете внимание на исхраната

Девица

Лесно ќе успеете да ги убедите соработниците да ги прифатат вашите идеи и решенија како најдобри и најпрактични. Многу сте вешти и имате добри способности за преговарање. Знаете што сакате на емотивен план и не се откажувајте од своите цели. Можете да очекувате да ви се исполнат желбите кои сте ги имале и ќе бидете задоволни. Избегнувајте цигари.

Вага

Материјалната состојба значително ќе ви се подобри во наредниот период, не се грижете премногу. Можеби сега ви се чини дека сте во застој, но брзо се ќе застане на свое место. Нема да имате поголеми промени во љубовта, иако можеби сте посакувале. Потребно е уште некое време за да се појави вистинската личност. До тогаш посветете се на себеси и своите потреби. Поволен период за слабеење.

Скорпија

Ве очекуваат нови настани и промени на ова поле. Ќе ви биде потребно време за да се прилагодите на ситуацијата која ви се појавила, но нема да имате поголеми проблеми. Имате чувство дека со саканата личност имате повеќе проблеми отколку што навистина имате. Важно е да поразговарате. Бидете отворени и кажете го своето мислење. Уморни сте. Пронајдете малку повеќе време за одмор и регенерација.

Стрелец

Можно е вас да не ви е лесно да го покажете полниот потенцијал во моменталното работно опкружување. Планирате промени и тие ќе ви дојдат побрзо отколку што очекувате. Затворени сте во себе и не сте спремни да пуштите нова личност во своето срце. Потребно ви е некое време емотивно да се „регенерирате“. Во тоа нема ништо погрешно. Имате вишок енергија и денес ќе ви годи додатна физичка активност.

Јарец

Ве очекува прилика да обновите комуникација со личност со која сте имале одлична работна соработка. Можно е повторно да покренете заеднички проект. Ви се додворува личност која сте ја запознале неодамна. Можно е да овозможите прилика подобро да се запознаете. Доколку така направите, ви следи и врска во наредната фаза. Без поголеми проблеми на полето здравје.

Водолија

Немојте да носите важни одлуки кога сте под притисок или кога лошо се чувствувате. Почекајте малку „прашината да легне“. Се ќе биде во ред. Ви одговара самотијата. Имате впечаток дека нова врска во овој момент само емотивно би ве исцрпела. Сакате да се посветите на своите потреби и да поработите на некои лични дилеми. Ви одговара да бидете активни. Ќе се чувствувате подобро доколку сте опкружени со пријатели и драги личности.

Риби

Важно е на вистински начин да се поставите во комуникацијата со своите соработници. Доколку го направите тоа што ви е неопходно, ќе остварите успех. Ве очекува нов почеток во љубовта. Следи познанство со личност која многу ќе ви значи во иднина и со која би можеле да имате убави моменти. Можно воспаление на мускулите по физичка активност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk