logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 17 ФЕВРУАРИ: Еве кому денеска ништо нема да му оди од рака

Vecer | 17.02.2021

ХОРОСКОП ЗА 17 ФЕВРУАРИ: Еве кому денеска ништо нема да му оди од рака

Рибите денеска ќе бидат под стрес во текот на целиот ден, Близнаците треба да внимаваат на финансиите, додека Јарецот можно е да започне тајна врска. Погледнете што носи денешниот хороскоп

ОВЕН

Можно е денеска да бидете незадоволни од работата затоа што не сте ја оствариле неочекуваната заработка. Го преиспитувате својот однос со партнерот, и сакате промена на ова поле. Избегнувајте алкохол.

БИК

Можно е во текот на денешниот ден да сте загрижени поради работата, но нема потреба од тоа бидејќи на полето работа се е во ред. Ќе ја обновите комуникацијата со личност од минатото, и тоа ќе ви годи. Омалаксаност и пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте размислувале да земете кредит или да позајмите пари, денеска никако немојте тоа да го правите. Уживате во односот со партнерот, можно е да разговарате околу заедничко патување. Стомакот е чувствителен.

РАК

Можно е денеска да размислувате за промена на работата. Немојте да носите избрзани одлуки затоа што е можно да направите грешка. Личност од вашето блиско опкружување е заинтересирана за вас. Здравјето ви е одлично.

ЛАВ

Загрижени сте поради обврските кои се насобираат. Под таква тензија сте денеска што чувствувате дека нема ништо да постигнете. Личност од минатото сака да ја обнови комуникацијата со вас. Несоница.

ДЕВИЦА

Денеска е ваш ден за работа. Се ви оди од рака и поради тоа слободно опуштете се малку. Не сте задоволни затоа што партнерот нема доволно време за вас. Можни се караници. Пределот околу главата ви е чувствителен.

ВАГА

Денеска е можно да чувствувате дека ништо не ви оди од рака. Застанете и размислите каде грешките во комуникацијата со луѓето. Можно е денеска да влезете во сериозна врска со личноста која ви се допаѓа. Напнатост.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате добар работен ден, особено ако се занимавате со односи со јавност. Можно е да сте добиле повик за состанок од личност од која не сте очекувале. Ве мачи несоница.

СТРЕЛЕЦ

Денешниот ден ви минува мирно без големи промени, проблеми и тензии. Избегнувате разговор со личноста со која сте долго во тајна врска затоа што не сте подготвени за нешто посериозно. Одлично здравје.

ЈАРЕЦ

Денеска ве очекува напорен ден на полето работа, но ќе успеете да ги завршите сите обврски на време. Наклонети сте на флертување и тајни врски денеска. Опуштете се со позитивни луѓе.

ВОДОЛИЈА

Ќе ви биде потребна помош од соработниците затоа што обемот на работа е голем, а бие сакате се да завршите сами. Поволен ден на ова поле. Ќе запознаете интересна личност од спротивниот пол. Време е да почнете физичка активност.

РИБИ

Денеска може да дојде до судир на мислењата со колегите. Сослушајте го советот на постарите колеги. Осамени сте и имате чувство дека саканата личност не ве разбира. Стрес и нервоза во текот на целиот ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk