ХОРОР: Додека мајката КРАДЕЛА децата и останале во автомобилот кој се ЗАПАЛИЛ (Видео)

Алиша Мур (24) од Орландо, Флорида, е обвинета дека ги оставила своите две деца во автомобил пред трговски центар. Таа и непознат маж потоа отишле во продавница и таму краделе околу еден час, а за тоа време автомобилот се запалил.
Кога забележала дека автомобилот и гори, ја оставила украдената роба и истрчала од продавницата. Автомобилот бил целосно уништен, а на нејзините деца им помогнале случајни минувачи. Едно дете добило изгореници од прв степен. Мур е обвинета за занемарување на дете и кражба, објави Скај њуз.
Причината за пожарот сè уште не е позната, но во извештајот за апсење се наведува дека занемарувањето на Алиша придонело за повредите на децата и дека пожарот настанал при извршувањето на нејзиното злосторство.
Таа во петокот изјави дека не се чувствува виновна, а рочиштето е закажано за 27 јуни.