logo
logo
logo

Холивудска услуга во БАКИНГАМ - еве зошто Меган го разбеснила кралското семејство!

Vecer | 24.06.2021

Холивудска услуга во БАКИНГАМ - еве зошто Меган го разбеснила кралското семејство!

Меган Маркл со нејзините Холивудски барања ги „разбеснила“ членовите на британското кралско семејство додека со принцот Хари живееле во Лондон.

За војвотката од Сасекс се вели дека го добивала „она што го сака кога и да посака“ како член на кралското семејство.

Во ажурираната верзија на книгата „Battle of Brothers“, еден кралски дописник му кажал на авторот Роберт Лејси дека Вилијам и Кејт се „горди што се однесуваат кон нивниот персонал како семејство“, пишува „The Sun“. Изворот наводно рекол дека тие се навистина љубезни со своите работници.

„Значи, ова беше многу длабок судир на филозофии… Меган беше навикната на холивудската услужна култура – да го добие токму она што го сака – како што рече и самиот принц Хари“, рекол дописникот.

Познато е тврдењето дека Хари им рекол на вработените пред неговата венчавка со Меган: „Она што Меган го сака, Меган го добива“.

Како што велат кралските извори, идната невеста првично сакала круна украсена со смарагди. Но, нејзината желба се чини била во спротивност со традицијата на британското кралско семејство. Тогаш, идните војвода и војвотка од Сасекс не биле задоволни кога им било кажано дека нејзиниот прв избор е невозможен.

„Имаше многу жестока расправија што ја поттикна кралицата да разговара со Хари… Таа рече: – Меган не може да има што сака. Ќе ја добие онаа круна што ќе ѝ ја дадам јас“, изјави инсајдер во тоа време.

Еден соработник на палатата подоцна за „Telegraph“ изјави: „Сите сакаа таа да биде среќна затоа што знаеја дека тоа ќе го направи принцот Хари среќен“.

„Мотото на Меган беше: Направи сè што е потребно за да успее. Сите бевме многу загрижени за Хари… Наспроти оваа идеја дека тие не беа поддржани, ние се трудевме да ги задоволиме нивните потреби“, рекол изворот од палатата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk