logo
logo
logo

Холивудска актерка ПОЧИНА во трагична несреќа со електричен скутер

Vecer | 15.06.2021

Холивудска актерка ПОЧИНА во трагична несреќа со електричен скутер

Актерката од „Gone Girl“, Лиза Бејнс трагично почина на 66-годишна возраст. Имено, филмската ѕвезда претрпе сериозни повреди во несреќа на 4 јуни кога ја удрил електричен скутер.

Нејзините блиски пријатели ја потврдија нејзината смрт во понеделникот.

Во несреќата Лиза се здоби со тешка повреда на мозокот, со што нејзиното тело, за жал, не можеше да се справи.

„Претажни сме од трагичната и бесмислена смрт на Лиза“, изјави претставник на телевизиската мрежа Entertainment Tonight.

„Таа беше жена со голем дух, љубезна и дарежлива. Беше посветена на својата работа, и на сцената и пред камерата, а најмногу на семејството и пријателите. Среќни сме што ја имавме во нашите животи“ - додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk