Хоaкин Фeникс е новиот Џокер

Хоакин Феникс е подготвен да се фрли во светот на криминалот. Режисерот Тод Филипс постави фотографија на „Инстаграм” на која може да се види како ќе изгледа Џокер во претстојниот филм, што ќе ја раскаже приказната како култниот стрип-негативец стана главниот противник на Бетмен.

View this post on Instagram

Arthur.

A post shared by Todd Phillips (@toddphillips1) on

Името на филмот сè уште не е познато, но јасно е дека Тод Филипс има јасна визија за прикажување на Џокеровото минато.

„Артур”, пишува во описот на фотографијата, што е во согласност со претходните шпекулации дека ликот на Феникс ќе се вика Артур Флек.

Според „Холивуд репортер“, дејството го следи Артур и неговиот пат од стенд-ап комичар до познат криминалец.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари