logo
logo
logo

ХИТ ФОТКА ОД ДАЛМАЦИЈА!

Vecer | 23.06.2022

ХИТ ФОТКА ОД ДАЛМАЦИЈА!

Започна летната сезона, а со неа стигаат многу интересни фотографии од крајбрежјето кои ги радуваат луѓето ширум регионот. Фотографијата која се појави на Фејсбук страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“ за кратко време го освои регионот и предизвика бројни коментари бидејќи е многу смешна, а најверојатно е направена некаде во Далмација.

Имено, маж лежи испружен на душек со интересна форма и најверојатно заспал. Бидејќи се работи за душек на надувување во форма на птицата тукан, луѓето имаа многу духовити коментари на оваа тема.

„Овој не го ни држи Црно Море“, „Кутриот тукан, посинел од мака“, „Ова стручно се вика синкопа“, „Ајде, каков клун меѓу нозе“, „Ќе има трчање по јогурт“...

Фотографијата за кратко време доби многу лајкови и коментари, а многумина ја споделија на своите профили.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk