logo
logo
logo

Хакери пробија документи на Епл: ИЛИ 50 МИЛИОНИ ИЛИ СЕ ЌЕ ОБЈАВИМЕ

Vecer | 22.04.2021

Хакери пробија документи на Епл: ИЛИ 50 МИЛИОНИ ИЛИ СЕ ЌЕ ОБЈАВИМЕ

Доверливи документи за уредите на „Епл“ паднаа во рацете на руски хакери, кои планираат да објават сè доколку компанијата не им исплати откуп до 1 мај.

За да покажат дека се сериозни, хакерите од групата веќе објавија некои документи, како што е нацрт за минатогодишниот модел MacBook Air, iMac и некои информации за друг преносен уред на Епл.

Сумата што тие сега ја бараат не е позната, исто како што не е познато каков вид документи добиле или дали имаат информации за идните производи.

Документите што ги објавија имаат порака на секоја страница во која се вели дека тие се сопственост на „Епл“ што не може да се репродуцира, копира или објавува.

Од „Епл“ велат дека „го испитуваат овој инцидент“ и дека не сакаат да коментираат, но „Кванта“ партнерот на компанијата, потврди дека имало сајбер-напад врз мал број сервери. Тие потенцираа дека соработуваат со ИТ експерти за решавање на проблемот и дека не е забележана штета што би влијаела на работата на компанијата.

Светските медиуми објавија дека сепак сумата која ја бараат е 50 милиони долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk