logo
logo
logo

„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена

Vecer | 29.06.2022

„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена

Компанијата „Gulf Oil“ Македонија водена од својата мисија на општествено одговорна компанија, придонесува за градење на одржлива и поубава иднина на нашите сограѓани. Животот на родителите на деца со здравствени проблеми, е повеќекратно усложнет и полн со стравови.

„За да им бидеме поддршка во надминување на секојдневните предизвици, „Gulf Oil“ Македонија донираше прехранбени производи, масло за јадење и средства за лична хигиена, на семејства на деца со попреченост, на територија на општина Куманово“, објавија од компанијата.

Донираните производи до семејствата на децата со попреченост, ќе стигнат преку здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, кое помогна да се реализира оваа хумана акција на „Gulf oil“ Македонија.

„Хуманоста и безрезерваната поддршка за децата останува да биде во наш преден план. Континуираните донации и помош на децата со пречки во развојот помагаат тие да растат и да станат видливи и силни во општеството, надминувајќи ги предизвиците од секојдневието“, велат од компанијата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk