„Гугл транслејт“ автоматски преведува во машки род, од компанијата работат на решение за проблемот

Компанијата „Гугл“ објави дека прави напори да ја поправи родовата нееднаквост во преведувачките апликации откако корисниците критикуваа дека „Гугл транслејт“ е програмиран автоматски да преведува во машки род.

„Во текот на годината беа направени напори за промовирање на еднаквост и намалување на пристрасноста во работата на компјутерските апликации“, рече Џејмс Кучмарски, претставник на компанијата.

Програмата за преведување, на пример, за англискиот збор „doctor“ во преводот на друг јазик нудеше опција само во машки род, а не и докторка, додека зборот „nurse“ на друг јазик се преведувал само како медицинска сестра.

Сега ќе има опција за машко и женско иначење на преводот од англиски на француски, италијански, португалски и шпански, напиша Кучмарски.

„Гугл“ наведува дека ваквите тенденции планира да ги прошири и на преводот на други јазици застапени во „Гугл транслејт“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари