Језиво видео

Град на духови: Италијанците го напуштиле пред 36 години - и никогаш не се вратиле

Во италијанскиот град Апиче, повеќе од три децении улиците се празни, а зградите пусти и оставени да се распаѓаат.

Во италијанскиот град Апиче, повеќе од три децении улиците се празни, а зградите пусти и оставени да се распаѓаат.

Имено, илјадници жители кои живееле во ова романтично италијанско гратче, по катастрофалниот земјотрес во 1980. година го напуштиле овој град и повеќе никогаш не се вратиле.

Апиче е сместен во регионот Беневенто, а изграден во златното време на Рим. Датира уште од 8-миот век.

Ова некогаш живописно место, оддалечено на 701 километар североисточно од Неапол, денес е град на духови.

Кога пред 36 години бил погоден од разорен земјотрес во кој загинале 2.500 жители, а повредени неколку илјади, тие од страв од нови потреси го напуштиле својот град и своите домови.

Меѓутоа, никој никогаш повеќе не се вратил во Апиче, град во кој сè е оставено како и некогаш.

Куќите и улиците се обраснати со мов, а на подовите од куќите уште им паднати садови од потресот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари