logo
logo
logo

Гостиварецот тргна од YUGO GT и стаса до електричен QUDS од 30.000 долари

Vecer | 02.05.2021

Гостиварецот тргна од YUGO GT и стаса до електричен QUDS од 30.000 долари

Mihael Merkler доаѓа од Гостивар во Македонија, а за јавност стана позната кон крајот на 2018 година, кога социјалните мрежи го проширија неговиот концепт на старото добро Југо - Yugo GT 5000 концепт.

Михаел Мерлер дизајнираше електричен спортски автомобил и за тоа веднаш го известил Џихад Мохамад, палестински претприемач од Бејрут, па бил создаден либанскиот електричен автомобил - Quds.

Името доаѓа од Al-quads, што е арапски израз за "свето", но исто така и за Ерусалим. Златната маска e инспирирана од златна купола од Ерусалим.

Дизајнот е инспириран од Феникс, огнена птица што го симболизира воскресението, открива дизајнерот Мерлер.

Прототипот започна со моќ од 120 kW, додека батеријата е со капацитет од 50 kWh. Производната верзија ќе има брзина ограничена на 165 km / h, додека забрзувањето до 100 km / h е околу 5 секунди.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=s2m1-jhboAQ[/embed]

Опсегот на движење со лекетробатеријата е помеѓу 350 и 450 км.

Масовното производство започнува на лето, а цената на автомобилот ќе изнесува околу 30.000 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk