logo
logo
logo

ФОТО:

Госпоѓа си ставила капки на погрешно место: Од лекарскиот извештај луѓето ВРИШТАТ од смеа

Vecer | 14.10.2021

Госпоѓа си ставила капки на погрешно место: Од лекарскиот извештај луѓето ВРИШТАТ од смеа

Дека луѓето не ги интересира дали под „око“ се мисли на она во очната шуплина или на курје, покажала една жена од Бјелина. На Твитер се појави лекарски извештај кој апсолутно може да се стави во категоријата „да не поверуваш“.

Имено, во лекарскиот извештај на госпоѓата од Бјелина стои напишано: „Ставала капки за курје око во око.“

Оваа постапка предизвикала лавина коментари и реакции под постот, а повеќето твитреџии не можеле да поверуваат дека госпоѓата навистина направила такво нешто. Сепак, овој случај не е изолиран, а тоа го докажале и корисниците на оваа социјална мрежа, кои изнеле цела низа бизарни примери од својата околина.

„Што и е гајле, има и друго око“... „Сега жена ми ми раскажа за некоја госпоѓа која се пожалила дека ја мачи  киселина заради некои вагиналети...“, „Познавам жена која испила цела кутија вагиналети...“, се само дел од коментарите кои се ределе под постот.

Сепак, колку и да звучи смешно на прв поглед, треба да се има предвид фактот дека невниманието може скапо да чини, особено кога станува збор за здавјето.

 

Tviter

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk