logo
logo
logo

ГОРДОСТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Како Американците учеа за ЈУГО (ВИДЕО)

Vecer | 16.04.2021

ГОРДОСТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Како Американците учеа за ЈУГО (ВИДЕО)

Дали некогаш сте се прашувале како Американците гледале на Југо и како било таму прикажано?

Одговорот ви го носи следното видео.

Југо се продаваше во Америка во основната GV верзија со 1,1 бензински мотор од 55 КС, или спортска GVX варијанта со 1,3 бензин и 65 КС. Посилниот модел имаше петстепен мануелен менувач, поквалитетни седишта и тапацир, како и попривлечен екстериер.

Покрај тоа што е претставено како најевтиниот нов автомобил на американскиот пазар, потенцирани се и некои адути, како што се евтино одржување, сигурност и, за американски услови, мизерна потрошувачка.

Ова видео открива за повеќе од десет минути што Југо нуди и како да се биде привлечно за потенцијалните клиенти.

На Американците исто така им е објаснето дека Југо ја редефинира идејата за основно превозно средство.

https://youtu.be/Moml-PKKddg

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk