Еден од најпознатит светски готвачи, Гордон Ремзи еднаш откри дека никогаш не нарачува „супа на денот“ во ресторан, бидејќи како што вели – може да се случи да биде „супа на месецот“. Не поднесува ниту храна од авион, а на прашањето кој ден не треба да оди во ресторани, еве како одговара.
- Одењето во ресторан на вечера, на Денот на вљубените, никогаш не е добра идеја. Тогаш кујните се преполни, а вие не го добивате вистинското искуство. Што е поромантично од оброк подготвен за партнерот, со добро шише вино? – вели Британецот.
Тој понатаму истакна: „Работев за авиокомпании десет години, па знам каде беше таа храна и каде оди и колку време требаше да се качи“. Од друга страна, тука не се работи само за квалитетот на оброкот, туку и за цените.
Некои готвачи се на мислење дека никогаш не нарачувате „специјалитети на куќата“ во ресторан, бидејќи тие „обично се направени од преостаната храна“, и дека тоа е јадење што би можеле да го платите повеќе отколку што вреди, поради самото име.
Исто така, многу посетители на ресторани се на мислење дека нарачувањето рижото во ресторан е „џабе пари“.
Онаму каде што, исто така, не секој ја гледа поентата за покачување на цената се тестенините, шпагетите. Самите тестенини се евтини, а сосот е често секојдневен, како што можете да направите дома.
Исто така, избегнувајте да нарачувате јадења кои не се „типични“ за одредена област. На пример, тестенините оставете ги за специјализирани италијански ресторани.