logo
logo
logo

„Горам од желба да запознаам некоја, ПАНДЕМИЈАТА МИ ГО ЗАГОРЧИ ЖИВОТОТ“

Vecer | 23.03.2021

„Горам од желба да запознаам некоја, ПАНДЕМИЈАТА МИ ГО ЗАГОРЧИ ЖИВОТОТ“

Стравовите предизвикани од пандемијата се сосема разбирливи особено љубовните и стравот да се остане сам без да се запознае сродна душа. Овие стравови честопати можат да бидат влошени од осаменоста. И осаменоста, како во маѓепсан круг е зголемена од пандемијата.

Неможноста да се најде емотивен партнер, проблем за многумина дури и во „нормални“ околности, стана уште поголем предизвик во текот на пандемијата. Со доаѓањето на коронавирусот, дополнително се „отуѓивме“.

Вирусот спречи да се дружиме, да излегуваме надвор, да стекнуваме нови пријатели, да најдеме сродна душа, да уживаме во ситниците или да се радуваме.

Така и еден млад 29 годишен жител на Белград пишува исповед жалејќи се декка стравува дека ќе остане сам поради пандемијата.

- Досега сум немал сериозна врска, а сега ми оди потешко, дали сум доволно достоен да бидам нечиј дечко. Исклучително сум под влијание на потенцијалната осуда на општеството затоа што тие не го разбираат овој вид на проблем - објаснува тој.

- Имам само мал број луѓе со кои често се дружам исклучиво на кафе. Јас сум фаталист, инертен, нетрпелив и себичен. Понекогаш таа болка ме гуши толку многу што ја чувствувам физички. И, само сакам да ја почувствувам таа емоција и заедно го споделуваме она што не мачи. Не знам како да се мотивирам, вели тој и додава:

- Мислам дека ако изградам самодоверба ќе успеам и се надевам дека не сум единствениот ваков случај - вели младиот човек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk