Голотија на сите страни! Никогаш нема да погодите каде Цеца прв па го видела Аркан

Љубовната приказна на Светлана Ражнатовиќ, тогаш Величковиќ и Жељко Ражнатовиќ почанала 1993 година во еден ресторан. Сепак кога е вериле и плнирале да се земат, таа отишла кај своите родители и им ја соопштила својата одлука. Многумина незнаат каде Цеца прв пат го видела Жељко.

"Бев во Германија на бензиска пумпа и купив "Плејбој" каде што го видов човекот на мојот живот. Налетав на интервју со Жељко Ражнатовиќ. Не разбирав што пишува но загледав во неговите фотографии бидејќи многу ми се допадна. Беше тој најзгоден и нај мажествен тип кој некогаш имав сретнато.Си помислив: "Тоа е значи тој Аркан". Единствено што размислував е дека сакам да сум жена на такво мажиште", рекла Цеца во едена прилика. Судбоносниот момент помеѓу Аркан и Цеца се случил 2 ноември 1993 година каде што Ражнатовиќ се вљубил на прв поглед.

"Потоа стигна повик од менаџерот Банета Стојановиќ заедно со Џеј и Оливер Мандиќ да се појавиме во Ердут. За време на смотрата седевме на страна и чекавнме да почне. Стоев до некој генерал и прокоментирав: "Уф каково мачор! Кој е овој тип? Брука како изгледа! Човекот само што не се шлогираше. "Дали си ти нормална? Тој е командант". Кога Оливер не запозна, Жељко рече: "дали си таа ѕвезда која редовно ја шишам? Бев истрауматизирана и уплашена. Се збунив", се сеќава Цеца.

"Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко. Ми понуди сигурност каква што жените сакаат. Запознав едено сосема поинакво суштество од она што го замислував, тој беше еден добар човек", велела Цеца која на почетокот несмеела на своите родители да им каже дека е во врска.

"Им кажав на родителите дека ќе се мажам за Жељко. Мајками рече "Шашиќе? Тој е добро момче. Таткоми во тоа не се мешаше. Само ме погледна и рече Шашиќ?. "Каков Шашиќ бре.? Се мажам за Жељко Ражнатовиќ Аркан. Моите само што не испопаѓаа. Можеби порано нешто начуле, но се надеваа дека ќе ми помине. Потоа таткоми ми рече: "Се омажиш ли за него јас ќе се откажам од тебе!". Знаев дека само ме плаши. "Можете сите дасе убиете но јас ќе се мажам за него, јас го обожувам". Кога Жељко прв пат дојде дома кај нас, се функционираше како по рецепт", раскажаќа Цеца.

Аркан пред венчање морал да побара благослов од Црквата за склопување брак бидејќи бил 21 година постар од Цеца а позади себе веќе имал три брака. Се венчале 19 февруари, а репортери од Њујорк тајмс го снимале нивното венчање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари