logo
logo
logo

БИЗАРНА СМРТ

Девојка си го УБИЛА дечкото со телефон! Се скарале, го фрлила мобилниот и го погодила во глава

Vecer | 24.09.2021

Девојка си го УБИЛА дечкото со телефон! Се скарале, го фрлила мобилниот и го погодила во глава

Девојка за време на бурна кавга мобилниот телефон го фрлила кон момчето и го убила. Роксанда Аделина Лопез (22) случајно си го убила момчето, Луис Дарио Гуантај во Аргентина. Имено, двојката се скарала и Лопез по своето момче, а во обидот да се одбрани од неговите удари, фрлила со мобилниот телефон.

Телефонот го удрил во слепоочницата и Гуантај починал во болница осум дена подоцна.

Инцидентот се случил во април, но јавноста дури сега дознала за случајот кога излегло на виделина дека постои истрага за убиство. Лопез се уште не е обвинета за злосторството.

Мајката на Луис побарала од полицијата и да реагира и да покрене истрага против девојката.

Не се знае што ја предизвикало кавгата во која Гуантај повеќе пати ја удрил Лопез во лицето, пред таа да фрли со мобилниот.

Минатиот месец, судот во градот Тукуман ја ослободил Џесика Осорес од обвинението за убиство. Таа го убила својот партнер со истиот нож со кој и се заканувал неколку моменти претходно. Судот оценил дека реагирала во „самоодбрана“ откако девет години била жртва на малтретирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk